Но, нема    добри писатели коишто не го разоруваат (дури и кога мислат дека го утврдуваат) кодот    на сопствените предестинации: религиозни, национални, историски, психолошки... 48                                                                                        okno.mk               Ако сум слободен да го изнесам својот став, не сакајќи овде да влегувам во аргументите           на сите други ставови, го претпоставувам Рембо пред сите католици на францускиот 19           и 20 век, а Матош пред хрватските; Војнович пред сите руски православци, а Домановиќ           пред српските; Омар Хајам пред сите муслимани, Витман и Емили Дикинсон пред сите           американски моралисти; Еразмо на острата смеа пред пајажината на верската схоластика,           Оскар Вајлд пред сите викторијанци (крутиот британизам); Томас Ман пред лажната и           простачка, „мистичка” (мистификаторска) опиеност на сите настапувачки национални           гордости; Кафка и Џојс пред секој „реализам”; а Ниче и Шопенхауер пред секоја катедра           на големи мисли...               »» Каков, во таа смисла, треба да биде ангажманот на писателот?
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)