секој (зам.) - ноќ (имн.)

Оттогаш, и ноќе почнав да одам до бунарот. Секоја ноќ, крадешкум, како да правам зло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А така е скоро секоја ноќ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сеедно, нејзе ѝ остана навиката секоја ноќ пред мугрите да стои пред прозорецот и да гледа во Једи-куле, потем во градот притиснат од ноќта и замолкнат, и за разлика од порано, стуткан меѓу бескрајот на морето од едната и занданата со седум кули насадена на ридот, на спротивната страна.  Никогаш, ѝ поминува низ главата онаа иста помисла, не била среќна во овој град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека траеше краткиот меден месец на запознавањето со заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со песна не кажуваат ни сакање ни несакање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Една ноќ на Мостот на воздишките во Венеција многу мирисаше на бонбони бадемлии, на повеќето минувачи очите им беа замаглени од тага – кој ѓавол ги терал нивните далечни претци да ги измислуваат парите, та сега секоја ноќ да им е ноќ на смрзнатите графикони, банкарите предвреме да оштрбуваат ама око да не им трепнува отшто здивот им е расипан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мојата генерација тогаш првпат виде во живо што значело секоја ноќ да ти бучат авиони во сонот и уште што значи да не ти се затвораат клепките од неизвесноста на судбината на блиските пријатели во соседството.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така што сега речиси секоја ноќ се спуштам и го посетувам Џонс.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше веќе крај на јануари и секоја ноќ можеше да се ојагни некоја овца.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секоја ноќ сонував ангели. Луѓе облечени во бело ме посетуваа, божем ако удрам со секирата по глава, крвта ќе се распрска по белото и ќе се гледа многу оддалеку.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И рече Филозофот: „Лествичникот е блудник, и блудствува со ќерката на логотетот; откако му е доверена на воспитание и ука, тој секоја ноќ ја води на тајно место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но не сакал да го открие значењето на записот, оти ќе ја изгубел одајата на гревот и блудот, во која ја водел, секоја ноќ, малоумницата на логотетот, за наслада своја и на нечестивиот, што од ѕидот ги гледал, како трет во ѕверството страсно нивно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Улица Корделија – О, други биле тоа времиња и некоја друга земја!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зар не бил отсекогаш ваков, зар не си седел вака тука [во трпезаријата на Волдорф] секоја ноќ, од кога памети за себе, мислителски загледан во вакви ласкотни ткаенини, дури си ја вртка дршката од чашата, баш ко оваа тука што му е меѓу палецот и средниот прст?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Грахм... - врти со главата, и повторно и залудно, како секоја ноќ, брои до „сто“ и назад, сочекувајќи го згаснувањето на ѕвездите, една по една.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така, мајка Фимка остана сама и таму, во туѓина, секоја ноќ само еден ист сон сонуваше - дека сите чеда си ги собрала покрај домашната софра...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пеел, или шепотел, или липал, спиејќи. И така секоја ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се менувавме, затоа што Паулина секоја ноќ се будеше, и Марие или јас, според тоа која од нас беше со неа во собата, останувавме без сон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сестра ми се будеше секоја ноќ и секогаш со исти зборови ја започнуваше истата приказна: „Ова е крајот на Европа.“ „На Европа многупати ѝ доаѓал крајот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми напиша дека секој човек останува “дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секоја ноќ ми го кажуваш истото,“ ѝ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле не ја помнеше мајка си. Софи Фројд Халберштат умре кога тој имаше тринаесет месеци; ликот ѝ го знаеше според фотографиите кои ги направил татко му, а слушал за неа од својот неколку години постар брат Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секоја ноќ, пред заспивање, една жена долго гледаше во мракот, и потоа прошепотуваше: „Свету, добра ноќ.“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но пред да стигнеш до него, ќе те сретне првиот сосед кој ќе ти рече: „Твојата книга ја научив наизуст, зашто секоја ноќ ми ја шепотат дрвјата крај кои одам и гредите на кои сакам да се обесам за да воскреснам како што велиш, со јажето-ореол околу главата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас секоја ноќ коленичам и молитвам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Без разлика дали секоја ноќ спиеме на различно место или до крајот на животот живееме онаму каде што сме се родиле - концептот на дом е во она што го сочинува, а не самото место - 26 okno.mk меморијата што ги чува конститутивните траги е изградена од слики на места и места за слики (Yates 1969).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стапување во контакт Нашите односи не се веќе испреплетени со другата страна на улицата во која живееме (читај: каде што го ставаме нашето тело во кревет секоја ноќ) туку преку хиперлинковите во okno.mk 25 виртуелните мрежи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Крвавите траги што секоја ноќ остануваа зад Рада, го ослабеа нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секоја ноќ како јаже му се тегнеа мислите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам како успеал да ме пронајде за да ми пренесе дека татко му многу ми бил благодарен и дека, заедно со писателот, му се јавуваат на сон секоја ноќ. И дека ме поздравуваат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Навистна, тој и понатаму, со ајдучки песни и со галатење на Турците, секоја ноќ се јавуваше од различни места на Потковицата; сопрво од полето, потоа од гората, па од сртовите за најпосле, кога навистина стигнаа студовите, сосема да се изгуби некаде за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така, со песни и подбивки, со нови, штотуку збиднати љубови, и со кон под отворено небо, секој ден и секоја ноќ, во текот на две седмици, додека не се исушеа црепните, односно додека не беа пренесени по домовите, во кошарите, жителите на Потковицата беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој ден, секоја ноќ, ќе ни се присени нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ноќи многу го сонував Ангелета мој и Роса моја. Секоја ноќ ми се јавуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Третата работа, како и секоја ноќ, беше редовниот настап во едно кафуле на Ремблас, каде што изведе неинспиративна претстава пред група француски туристи, кои не можеа да веруваат во она што го гледаа, зашто одбиваа да веруваат во магија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата последна надеж се стопи кога ја пронајде својата порака сè уште закачена на вратата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цели три месеци, секоја ноќ, речиси цело време лично го превртував домот на Д.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Проѕирен, за да може да му се види под кожата огнот и зелениот јад, секоја ноќ на Рубина Фаин и се враќа куц и страшен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Проклет да бидам, токму тоа – одмазда. Секоја ноќ ја дочекував крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, рече, зракот проклето можеше да ме мачи уште долго а јас ќе дочекав осумнаесет години и ќе сонував во секоја ноќ ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го врати часовникот в џеб и седна на својот крцкав кревет, осамен и очаен како и во секоја ноќ, секогаш со исти сеќавања.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човекот што умираше во секоја ноќ под гилјотината на зраците гледаше во врвовите на своите чевли и читаше од нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И беше се потешко да се двои на две и да ги изведува секоја ноќ повторно тие неисцрпни длабински разговори менувајќи ги улогите неосетно, со брзина на дишењето, станувајќи од се по нешто, во меѓупросторот од неслученото, напразно пожелувано, во вид на непозната слика за себеси, недостапни и таинствени одговори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таму ќе се згрнат децата, та иако заспие некое — нема штета, послано му е, ќе го завијат со некое куне и ќе си помине како секоја ноќ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ѝ порачувал секоја ноќ да дојде, како знае да ја мине границата крај Езерото, оти му се броени деновите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војна, повтори. Јас во секоја ноќ сонувам црвени пожари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ништо. И зошто богословот не го промени своето држање спрема него, се расколебуваше сакаше да ѝ верува. И во секоја ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој секоја ноќ плаче во аголот од нашата соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Досега ниту еднаш ја немам спомнато дури ни ливадата по која секоја ноќ со часови трчам и, се разбира, секогаш успевам да ѝ се измолкнам на несреќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Големиот Бинг-Бенг.  ... ноќе се урива  Ја точиш, ја преточуваш секоја ноќ саноќ - душата тури - истури ко расолница, да не фати скрама извади - стави чиниш дење ѕидаш, ноќе се урива погрешно, некој ти урива насетуваш, не казнуваш разоружана се повикуваш на паганските обичаи па христијанските според темните диктати на свеста даваш жртва најмилото е најпожелно волјата е Господова зошто и твоја мора ли и твоја  употреби го умот кажи си надмудри го рушителот тоа е единственото решение во тебе, во умот и уметноста на мислењето ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А во светот што се вика Прењес, полека битисува. Секој ден. Секоја ноќ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо му подаде рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѕвонењето на шината за вечера, што стана толку делнично, за него е како ѕвонење на камбана што повикува на вечерна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подава раце, го допира подот и пак со скршен и тивок одвај чуен, а ту прониклив и здавен, глув, тажовит и болен, мајчински топол сладок шепот, моли: - Стани, Ристе, стани чедо на мајка, стани...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- За Ристо ли да му кажам дека не знам каде ми е детето? Секоја ноќ го сонувам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Несреќата ја стегна за грло и и ги потсече нозете.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така мирните луѓе од овој крај се избавија од големото зло што секоја ноќ им беше виснато над глава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Одам ... Таа? Секоја ноќ ќе засветлам над нејзината куќичка, се додека не се претопам во зора... само да ме разбере...да дојде...да се искачи на врвот на планината...да ме повика...“
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури и националните вести се первертирани, бидејќи станаа подвиг ориентиран кон профит, откако Tish го презема CBS.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега тоа е непријател бр.1. Секоја ноќ вестите повторно и повторно се навраќаат на убиствата и на мртвите тела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заразени сме со овој вирус - со демоните во нас и околу нас.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите еден ден ќе ја запознааеме болката и некои страдаат секој ден, секоја ноќ, секој час, малце по малце, и не се предаваат, се борат со злото, искушението и неспокојот и го наоѓаат својот пат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, моите чувства беа силни, на моите слаби рамена прометејски го носев товарот на тагата, но успеав да се исправам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но јас би сакал да ви пишувам за една друга размисла на Башлар која ја чувствувам за многу блиска кога ќе помислам на вашата реченица за мојот преведувач Патрик Крисман: Замислете секоја ноќ под светлината на една ламба, овој човек е наведнат над вашите книги...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Замислете секоја ноќ, под светлината на една ламба, овој човек е наведнат над вашите книги со двајца полицајци-чувари пред вратата на својата куќа и за вас ова претставува бездруго едно посебно искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тоа преведуваше неколку реда, не повеќе од една страница. И така секоја ноќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
РАЈНА: Не можеш вака секоја ноќ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Внимавај термиту. Колку краци има оваа ѕвезда?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Би го прашала, Колку краци има оваа ѕвезда?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога би се омажила за дебел човек, секоја ноќ би цртала ѕвезди на неговиот грб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка, на принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)