Сега сѐ уште недорасонет, шета со очите по собата и при секое помрднување, чкрипнуваат федерите на железниот кревет и тоа го чувствува непријатно и поболно отколку малаксаноста и истоштеноста во себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Личен и чуден, речиси чудесен е часовникот што го добив на подарок: секое помрднување на секундарникот ги привикува на купче сите наши лета и севезден ни прави патека до шумите на детството но ни служи и како упатство за употреба на преостанатите години.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)