Нихилизмот е во секоја пора нѐ фрлаат во апатичното буниште ѓаволот е ебано восхитен постепено од совеста ни колве
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Секоја пора, секој здив - сѐ во неа сакаше, лудо копнееше да сподели за успехот, за радоста, за оваа незаборавна вечер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во тоа невреме ја чистам својата душа од нечистотијата на гревот, го чувствувам летот на пеперутката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Едноставно да се биде човек во свет на хаос во кој ја проектираме хармонијата, човек кој во секоја пора од постоењето, низ олујата на времето ја бара својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Заситениот чад на американските скари, грилови, бургери и барбикјуа влегува во секоја пора на кожата... но сепак е поинаков од оние чаршиски скопски скари чијашто миризба Крлежа ја опишал како арома на човечко месо фрлено на жар.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Првпат во секоја пора на неговата здрава кожа се забуцнуваше по една остра усвитеност, првпат по челото течеше крвава нејасност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Желна за живот до крај. Секоја пора отворена да впие возбуда од било која бранша.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пиев се додека водата не почна да излегува од моето тело низ секоја пора и сѐ додека надвор од мене не се покажа во вид на свилени нишки, па така и јас се здобив со сјајна грива со бои од виножито.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)