Истоштениот човек се тетерави за да работи таму каде што секоја работа е залудна, а навалата на просечност сѐ опфаќа...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Злобната Анѓа по секоја работа ѝ наоѓаше нова.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој, кога ќе сакаше да каже дека за секоја работа треба да имаш љубов, ќе изјавеше: „Зорле лозје не се копа“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Чуден е овој човек Глигор. За секоја работа знае каде е местото.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Куц-куц, иако куцаше, кај него маната не беше и несреќа: зашто итрец како татко му, а притоа и напрчен баш колку што треба, од тоа своја мана имаше само корист: во секоја работа притрчуваа да му помогнат за да ја сврши побргу.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И, да речеме, не е лошо. Секоја работа е тешка! Да седиш е лесно.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И основно е: пред секоја работа пред секоја постапка првин добро, добро да се размисли. Среќно, добри мои! ***
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Секоја работа треба да ја размислиш добро, секоја последица има своја причина – мирно му објаснуваше старецот, седнувајќи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Рокот за извршување почнува да тече првиот ден по доставувањето на преписот на пресудата до странката на која ѝ е наложено извршувањето (чл. 314, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
166 Љ. Н. против Охис Спор за неисплатени плати1 Praemia quisque labor, optat habere sua. Секоја работа си сака да има и своја награда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)