Доколку друштвото е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата (чл. 20, ст.1, 4-5 од ЗС). 5. Од 1 јануари 2006, секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 116, ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, дури во октомври 2009, со четвртата измена на ЗРО (2005), се поправи и дефицитноста на одредба којашто ќе регулира скратеното работно време во посебни услови, со тоа што се воведе нов посебен член за оваа ситуација (чл. 8, ЗИДЗРО/окт.09); в) со ЗРО (2005) се воведе должност за електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа, кај секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација (чл. 116, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)