Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се чинеше како надворешноста да ѝ е одраз на нејзината внатрешност, како што е тоа случај со сета природа во која надворешниот белег произлегува од внатрешниот: и кај цвеќињата, и кај билките, и кај дрвјата, и кај секое растение; па дури и кај каменот: надворешниот изглед му произлегува од внатрешниот; внатрешната сила му ја определува надворешноста.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И тоа беше во тоа време, кога животот околу неа течеше со нескротлив тек, кога секое растение беше крунисано со плодови, а гранките на овошните дрвја беа свиени под своите тешки плодови, тогаш болката повторно ја штрекна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)