Ништо помалку од тоа, секоја секунда во вечност претворете ја, позитивно мислите енергијата, насочувајте ги.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Што срцево што ја одмерува секоја секунда од мојов живот? Камен не е. Да беше камен досега, песок ќе се стореше.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Обете акумулации, со околу 260 милиони кубни метри вода, секоја секунда ќе даваат по 7.500 кубици вода за пиење, а тоа значи дека населението на Црноморието, кое брои 1 милион жители, ќе добива просечно на ден по 650 литри вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со секоја секунда бев подалеку од тебе но поблиску до вистината, не можеме да го сокриеме тоа што сме, ќе не пресретне еден ден каде и да е, по кој пат и да одиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Створете шанси, секое време е право време, вистинските моменти се во секоја секунда, во секој дел од секундата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И ќе го препознаеме, кога ќе проживееме доволно долго за да видиме како тркалото повторно се врти од центрифугалната сила на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
-„Додека секоја секунда полека те убива во агонија прашуваш кој е виновен?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Проклето тешко е, но вреди да се обидувате секој ден, за тоа малку среќа што на сите ни недостасува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Толку многу што можеше секоја секунда од својот живот „да ја проучува“ по неколку пати.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа знаеше од своето патување во 1973 година, дека таму, во родната земја ти ја јадат секоја секунда време како што не можеш да си замислиш.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Всушност тоа е истиот пат што човек го изминал низ животот на еден човек во еден час, еден ден или една недела да е снимен на лента така што секој квадрат да е сликан на секоја секунда.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Незамисливо брзо се забрзува напредокот, така што во секоја секунда се открива нешто ново или старото се усовршува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Цел тој ден течеше многу, многу бавно, споро, секоја минутка, секоја секунда беше лесна како воздух, исполнета со најчудесните чувства на светот, но траеше дооолго, времето не минуваше, како да застана и така остана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во секоја секунда од минутата тој чувствуваше дека на рамената носи нов шинел, и дури и неколкупати се поднасмевна од внатрешно задоволство.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сонцето беше напола потонато и, додека гледаше во него, со секоја секунда тонеше и преостанатиот дел.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)