Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
ПРЕДГОВОР Како резултат од маратонската транзиција настана ова дело, Двоглед е опсервација на сè што е гнило, Двоглед е приказ на цело сивило, Двоглед го знае секое дувло, Двоглед ќе види што е подмолно, Двоглед е поглед на сè по ред, Двоглед е поглед на цел усран свет, Двоглед го гледа секој сончоглед, Двоглед е поглед на мојот недоглед, Секоја сличност со ликовите е намерна и нималку случајна.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)