секој (зам.) - средба (имн.)

Не престануваше, при секоја средба, да го опсипува Татко со нови пофалби и со восхит.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се разбира, расистите, ксенофобите и националистите секогаш ќе ѝ се противат на меѓукултурната комуникација, бидејќи секоја средба со „другиот” потенцијално ги загрозува нивните идеали (на свет, држава, нација коишто се автоматски „подобри од другите”, „постари”, „похрабри”, покултурни, итн. - да се сетиме само на „паролата”: „Срби, народ најстар”).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, сепак, останаа на претходниот договор, наместо по еден збор, на секоја средба да се третираат по пет, па со време ќе видат како ќе постапат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја воспоставуваа таа врска меѓу мајка им и Богдан зашто него повеќе го сакаа и гледаа дека по секоја средба со него, мајка им сè поведра и повесела станува и таа нејзина радост тие ја споделуваа со себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И беше среќен зашто секоја средба со неа беше сè поубава и поубава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При секоја средба со роднините и пријателите ти воодушевено раскажуваше за сѐ што видовме и доживеавме во САД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
При секоја средба со роднините и пријателите ти воодушевено раскажуваше за сѐ што видовме и доживеавме во САД. 15.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
После ова ветување на лекарот, дека лично ќе го испрати писмото, при секоја средба, Марија како да сакаше да го праша - дали го испрати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Рано појдов кон Картагина. Раиз беше сѐ уште во градината. Го водеше својот бој со дивите билки. И не ме забележа. Беше како дел од градината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред секоја средба со Јасер Арафат чувствував длабока, необјаснива потреба да се видам со сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При секоја средба со палестинскиот водач не престанувам да си го поставувам прашањето: кој беше вистински и суштински овој човек што со својот човечки живот, лимитиран со време и моќ, да ја води својата, на моменти донкихотовска борба за создавање на независна Палестина, и кој си го беше жртвувал однапред животот за големата цел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука, пред капелата, се пребројуваме и секоја средба за некој е последно видување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се чекавме пред контејнерите. Секогаш. На секоја средба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
По секоја средба со него се чувствувам убаво, радосно и секогаш си велам: „Кога сите луѓе би биле како мојот професор, животот би ни бил многу поубав, почовечен.“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Прашања - како при секоја средба: Кога започнавте да пишувате? Како се станува писател?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А не шета и поради тоа што не сака да се сретне со Методија Лечоски, дрварот, оној што личи на него, зашто при секоја средба со него, се штрекнува, го обзема некоја непријатност: како да си се видел самиот себеси во огледало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)