И покрај ставот на Стејт департментот дека немаат ништо против отстапувањето на делот на Македонија под Бугарија на федерална Македонија, сепак таму сметале дека тоа прашање не требало да се прејудицира сè додека не се реши прашањето со Бугарија, како земја која била на страната на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Стејт департментот зазел став дека Македонија ќе може да има автономен статус во рамките на Југославија, но ѝ го оспорува правото на легитимитет на Македонија на секоја територија што е во границите на Грција, т.е. да се смета за територија што ѝ припаѓа на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)