Во името на сето тоа и во името на новите изгрејсонца мојот стар пријател Видое Видически и годинава ќе сврти по едно танго со секоја јаболкница посебно и скришем ќе и намигне на китката еделвајс што се напиња да расцути самотно, онаму горе, на високата планина.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)