Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Когнитивната наука, која исто така ги сместува причините за сексуалниот идентитет во нашите мозоци, а не во нашите општества, е привлечна на сличен начин бидејќи нуди физиолошки одговори на комплицираните општествени прашања.
Не се обидов да објаснам како некои машки геј-субјекти стануваат геј, туку се обидов да објаснам како геј-субјектите (или некои стрејт-субјекти) може постепено да се здобијат со геј-култура, во смисла на поврзување со културни предмети и облици – со бродвејски мјузикли, со стари куќи, со мелодрамата, со Џоан Крафорд, со изведбените уметности или со естетското совршенство, меѓу другото – на особени начини што им ги имплицираат и сексуалниот субјективитет и родовата ориентација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Психолозите и психоаналитичарите немаат да додадат ништо помудро на оваа тема од кој било друг, па затоа и теориите за третиот пол наеднаш се одново популарни: ако хомосексуалноста и хетеросексуалноста, всушност, ни се програмирани во телата, тогаш веќе нема што да откриваме од каде ни се ниту, пак, има што да изнаоѓаме левтерни објаснувања зошто некои поединци излегуваат стрејт, а други испаѓаат геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, секој предмет поединечно што машката геј- култура го зајми од главнотековната култура, секоја машка геј- културна практика, изискува разгледување со целосно внимание за неговата особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доволно е тешко да се расветли привлечноста што за геј-мажите ја има една сцена во еден филм со Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)