Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јасна си доаѓа дома, па по кратка инспекција сфаќа кого затекнала и во каква состојба.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ами, оти не си доаѓаш долу?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но имаше и такви вечери кога водарките не пееја кога си доаѓаше оној од градовите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној сакаше да доаѓа по него. Тогаш нека си доаѓа, и нека оди во триста ѓаволски мајки. Напосле, тоа си беше негова работа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секогаш, сѐ си доаѓаше на своето место. И сега. Всушност, тоа секогаш и си било таму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Хелвиг си доаѓаше околу пет часот попладне... Седеа еден спроти друг. Вечерта.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
ДИМИТРИЈА: Кога сме чекале не си доаѓал.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Може тој и понатаму да си доаѓа во вежбалницата, но, за вас, исто како да вежба во штикли.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
МАРТА: Домаќинка е, пазарела... и, така, си доаѓа дома со испазареното и влегува во скромничкана дневна од скромничката куќичка на скромничкиот Џозеф Котен кај што овој ја сместил...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Си доаѓам на себе. Утро е, сонцето влегува низ прозорецот во одајата, лази врз веленцето и влакненцата светкаат со најразлични бои.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа ги имаше научено кога си доаѓаа на сите да им даде по некое залче леб и да ги погали и, сѐ уште, како да ја слушам како им вика: Ајдете, убави на баба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога се чу дека печалбарите од Влашко си доаѓаат, мајката попусто чекаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Си доаѓа Билјана од училиште, јас ја гледам и очекувам да го чујам она нејзино: „Денес за малку ќе добиев петка, ама...“ но таа молчи. Да, да, молчи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)