си (зам.) - дозволува (гл.)

Ми се чини дека генерално читателите често си дозволуваат, без да имаат право за тоа, да навлегуваат во интимниот простор на еден автор што може да се смета и за еден вид профанација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А овој пат себе си дозволувам речитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нејсе, јас искрено сметав дека не му беше местото помеѓу нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби и затоа зашто слабости од таков вид себеси не си дозволуваше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТВОРЈАНИ! (дворјани, творци и творови), денес, по повод, првото појавување врз маргините на огромната восочна плоча на нашите души што јавност се вика, на господата Александер Толос, Марс Со и Тони Маркс, јас, максвеловиот демон-чувар на оваа непостоечка кутија од одблесоци, цензор и хирург-месар на текстуалните како курни отфикароци така и клиторисни израстоци, си дозволувам да цитирам еден автор ужасно близок како до „поетиките” на нашите денешни „жртви”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)