Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога го бакна, таа му рече, „Ти се врати дома поради нешто, Даниел? Дали нешто си заборавил?“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
КЕВА: Си заборавила, треба да го разбудиме. НАЦА: Е време?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Маалските односи се нарушуваат у два случаја: Прво, ако си заборавил или не си имал време да ја ишишаш травата, а таа пораснала повеќе од 4 инча (десет сантима).
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
СУЛТАНА: Си заборавил синко. А господ ќе те потсети на сѐ што си заборавил.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Колку пати тоа сме го зборувале, си заборавил ли?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Какво ветување?! - се изненади мајка ми. - Па, тоа што ти го дадов. Си заборавила ли?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Чекај, рече, - не допирај ме. Зар си заборавил?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Белки не си заборавил дека живи компири се јадат за да добиеш висока температура и да отсуствуваш од писмената по математика.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
ФЕЗЛИЕВ: Ти, чинам, си заборавил дека јас се наоѓав во претсобјето, кога ти со истиве зборови го испрати Кирил Ацев...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)