си (зам.) - измислува (гл.)

Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти, пак, во нешто ми сличиш. Забораваш детали, имиња. Си измислуваш бајки... Различни сме со сестра ми.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)