Камерата фокусира средовечен, белокос човек, кој застанат на камениот мост, си пали цигара.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа ме погледна изненадено: – Ние, сине, си палевме свеќи во цркви и во џамии одевме. И рисјани доаѓаа во нив!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
СУЛТАНА: Катастарот? Си палел и жарел. Си го викал син ми Евто на сослушувања.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)