си (зам.) - поставува (гл.)

Ноќе, додека се обидуваше да заспие, си поставуваше такви прашања, ама одговори не наоѓаше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е фикција кога човек умира за одредена цел, а не ретко на најсубверзивен начин човекот себеси си поставува за цел нешто што однапред е недостижно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)