Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Внатре, Здравко си послал едно рогузинче на подот и лежи. Така: ни заспан, ни разбуден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа стана пред сите и отиде да си постеле. По вечерата не им се седеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)