си (зам.) - прикажува (гл.)

Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како можеме да седиме тука и тукутака да си прикажуваме?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А зошто? Затоа што во единицата во која служеше имаше неколку „ендопји“, со кои си прикажуваше на мајчиниот јазик, на македонски, де.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Играчите, без оглед какви карти добиваа, слаби или силни, си прикажуваа за старите времиња, за моќта на семејствата, за изгубените имоти, ниви, куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постарите си прикажуваа за тоа што го знаеја и што го доживеале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)