Тука меѓу луѓето кои преку генералските униформи имаат облечено фракови и се членови на елитно ловечко друштво во кое како највисока награда се добиваат еленски рогови и каде што на секоја реплика меѓусебно си разменуваат скапоцени подароци, главно оружје.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Какви тајни работи?“ праша Костадин. „Какви работи. Се среќавала со некого тајно, си разменувале писма.“ погледнувајќи го Петар со лутина во очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Додека таа во кујната ја редеше долгата чинија, а тој во салончето го доцедуваше шишето ракија, си разменуваа по некоја реплика, како на проба излезена од читачка на сцена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)