си (зам.) - фрла (гл.)

Си фрлате жарчиња?“, ѝ реков додека се трудев да ги следам со моите тешки нозе нејзините пердувести движења низ брановите на музиката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Дека хула бесчесна врз зборовите си фрлал и дека за тебе гласовите поважни од зборот се?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе си фрлам вода на очите и ќе отрчам кај Уља, кај јатрва ми, да ги толмачиме соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнавме и пресна вода да си фрламе по петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како може вака да постапува? Дали и дома си фрла на подот?!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Си фрламе сега ждрепка: кој да го мие казанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)