Се прикажува дури и дека некој си титуларен советник, кога го беа направиле управник на некоја си одделна неголема канцеларија, веднаш си преградил посебна одаја, наречувајќи ја „биро“ и поставувајќи покрај врата некакви вратари со црвени јаки, со ширити, кои се фаќаа за кваката и ја отвораа пред секој што ќе дојдеше, иако тоа „биро“ одвај да можеше да собере една обична маса за пишување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)