сиот (зам.) - глас (имн.)

Жанко одма се упати кон Серовски и на сиот глас почна да му се дере: - Серовски копанче едно америчко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Шољич застана на нозе и на сиот глас ко у најбоље дане од душа ја извади „Друже Мито ми ти се кунемо”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со сиот глас, за да може секој да го слушне, главниот ѕидар го кажува името на подарувачот и што подарил.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А главниот ѕидар од покривот на куќата вика на сиот глас.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми се чини дека сонувам – воскликнуваше Еразмо на сиот глас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пеј судбино, пеј! Пеј на сиот глас!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ние пријателски се зазборевме и ниту забележавме кога во канцеларијата влезе човек на средни години, кој го фати младиот господин за рамената и извика на сиот глас: - Така ли вие, ѓаволски мрзливецу, ги подготвувате сметките?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мошне сум радосен!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Боже! - извика на сиот глас. Денес на изненадувањата им нема крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Good morning, Americaa! - вика со сиот глас, со лице исклештено во насмевка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Помооооооооооош !!!!!!!! Викам на сиот глас. Никој не се одѕива.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Притоа воспитачите, и самите малку земени, на сиот глас викаа: - Ајде летнете, копилиња! Летнете де!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам надеж. Оние што на сиот глас се перчеа изигрувајќи среќни луѓе, беа најголемите лажговци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, офкав на сиот глас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На сиот глас можев да чујам како се дуе пред момчињата изигрувајќи среќен човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Саноќ офкаше на глас, проклет да бидам, минеше од спална во спална офкајќи на сиот глас само за да не спиеме и ние.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се тркалаше низ еден огромен ходник, цел километар широк, исполнет со величествена жолта светлина, гласно смеејќи се и извикувајќи признанија на сиот глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вие сите сте разбојници овдека, бре, од старец до дете... – и почна да мава со грбачот по стариот со сиот глас: чек бре ќерата!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На старата и крупна жена ѝ дојде да вресне на сиот глас Ова не е на арно! си помисли, и празната врата и снагата на Костадин пак се направија во неа и ѝ ја сопнаа мислата, ја запреа да се претвори во глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петра му го слуша само гласот, ги стиска забите и очите и кога ќе слушне дека е гладен, дека е лут што не се остава и за него во чинија или чипчак, ѝ доаѓа да крикне со сиот глас Неее!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа дедот поп Крејо, кога служеше литургија и требаше на входот да го спомене егзархискиот архиереј — владиката, викаше со сиот глас, одејќи кон Царските двери, „В первих помјани господи преосвјашченејшаго архиереја нашего — никој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Јачмениќ стана, Пере пак му викна на Апостола: „Се изјасни, Апостоле, се изјасни", та овој со сиот глас нададе да пее: С'с Срби, Грци, Турци Ни бихме се без страх А клетите Романци Дигнаха малко прах Еј, ништо, ништо, ништо He штем да жалим ниј, Че скоро, скоро, скоро Бај Гањо ште ти би.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сиот глас на одморите им расправаат на децата како јас на Бала, ќерка му на соседот Лешо, сум ѝ купил некни на панаѓурот огледалце.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Никогаш да не се откажеме од соновите, да сакаме, да љубиме, да бидеме родители, да патуваме околу светот, да сликаме, да свириме, секогаш со сиот глас да го кажеме тоа што го посакуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам, мирот трајно ме напуштил и не ми преостанува ништо друго освен малата школка што ја чувам во десниот џеб од панталоните да ја приближам до ушната школка; на сиот глас да ја пеам морската песна што ми ја шепоти, без да се грижам за тоа што луѓето околу мене не го разбираат тајниот солен јазик на водата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас врескам на сиот глас, им укажувам на опасноста што демне и на пропаста што набрзо ќе следи, но тие се држат за стомак и паѓаат од столчињата смеејќи се.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Девојчињата се погледнаа и двете калливи со ќофтињата во раце. Почнаа да се кикотат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му раскажам сè детално, за да му биде интересно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мене ми е често така жал кога ќе се распискам на сиот глас затоа што сум го загорела гравот и ќе го разбудам Марко.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Слушнав само како казанчето уште еднаш се пушти, при што тетка Олга испушти нов вресок и продолжи да плаче, но овојпат не воздржувајќи се, викајќи и завивајќи на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Доаѓај брзо дома да не те исќофтам! - викна тој на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И тогаш тие - не, има уште.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ние беспомошно се препелкавме во височините и се смеевме на сиот глас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога одеднаш, со сиот глас извика: - Ќе пишуваме роман за деца!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ведан и Величе се сакаат! - викаше на сиот глас, бегајќи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По неколку секунди четворицата, на сиот глас, се кикотевме, а никој од нас не знаеше точно да објасни зошто.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сакаш да си немаш сестра, а? - почна на сиот глас да се дере.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Направив драма и за жив срам плачев на сиот глас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)