Кејтен, пријателе, како игравме, како се веселевме, ура! Пуста беше сета строгост, сите казни, сиот ред кога во главата иенадејио ќе ви се јавеше тој бран, Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)