сиот (зам.) - сој (имн.)

Притоа одредуваа еден од делениците, тоа најчесто бидуваше најмладиот од браќата, кој да биде непосветен од Организацијата и кој да се грижи за доброто на сиот сој.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека Максим Акиноски ги врши последните обреди околу закопот, ги опејува гробот и покојникот Сега во век и во вечни векови, најстариот Анѓелов син, Никола Анѓелов Јанчески, кој отсега натаму е и глава на сиот сој Јанчески и клисар, оди од човек на човек и шепотејќи ги кани да повелат да дојдат кај нив дома за како што носи редот да се облажат за душа на стрико Анѓела.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лани и оломлани беше друго, вели Никола кој зашто изненадеж стана глава на сиот сој Јанчески се чувствува одговорен за сите нив и за сите нив стравува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто меѓу нив нема никого Перуноски, поточно зашто го нема братучедот Богдана, си мисли Максим не се изменил кон него; го оставил и понатаму да биде старешина на сите имотски сојови и глава на сиот сој Перуноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите рекоа Тпвуу, `бати животот и со голите петици ги нагнетија плуканиците во земјата, а жените и чупите, ги симнаа шамиите, ги распуштија косите и зедоа и тие да редат заедно со Атанаса, зашто тоа што се случи со чупите Ѓореви, со Милица и Милјана, е најжалосното нешто што може да му се случи на родител, на брат, на ближен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистина, мажите Јанчески, откако загина стрико Анѓел и откако Боше нивни замина од Потковицава, како наеднаш да набубрија, и навистина на две различни страни, на едната Никола и братучедите, кои сè погласно се замешуваат во заедничките работи на Потковицата, а на другата сам Атанас, кој постојано вели Душава нема да ми се примири додека не го видам татка одмазден, но Никола е глава на сиот сој Јанчески па не чини она што му го прави Атанас, ако продолжи да не му се покорува на брата си, на лошо ќе го истера сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јован Дамчески, синот на помалиот брат на Дамчета, на Богоја, русокосо и тенко момче кое служеше на неговиот чифлиг, инаку лика сосема спротивна на татко си и на сиот сој Дамчески, сонил сон сосема ист со оној што го запишал пустиникот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Митра беше најпрва убавица во Потковицата и околните населби, гордост на сиот сој Ризески и посебно на татка си Анѓелета, а овој Алексо, може не по своја вина, имаше искршкан живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човекот што ѝ дошол на сон ѝ реко на никого да не кажува за сонот, сама да отиде на Градишка Вода и да ги откопа парите точно кога ќе се појави сонцето од зад Горник, Зашто ако ги откопаш пред или по изгрејсонце, ѝ рекол, парите ќе се сторат ќумирчиња, а ако кажеш за сонов и ако половина пари не ги дадеш за ѕидање на општината и на училиште, сиот сој Јанчески ќе го јавне голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во време на аграрната реформа, во 1924-та, што ја спроведоа Србите по повторното завладување на Потковицата, на чифлигот Јаузоски и на сета најубава земја населија четворица Срби, солунци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таков беше, тврд и заплашен од жителите на Потковицата - да не му забележат дека, ете, се согласил да чува српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А беше и човечен, и главата на сиот сој Јанчески, па оттука и задолжен, да мисли за секого од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)