Овој, сиот бесен, ја зеде иконата и го удри со неа командирот по глава.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, кога тој се појавува, беспомошен млад човек, облеан со солзи и со болникаво бледило, наспроти сиот бесен врисок на мнозинството околу мене, во себе чувствувам некоја нејасна сродност со него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тане сиот бесен, стрчнуваше со копачка и ги растураше вулканите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Удира Богдан со копачката по него сиот бесен што сега се нафрлува на ѕидот што го поправа и искрпи со малтер.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)