сиот (зам.) - искрвавен (прид.)

Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш настапи Мустафа ефенди; на заптиите и на војниците им издаде заповед да ги фатат и да ги отераат Арнаутите во апсаната прилепска, а Лазора да го однесат во војничката болница за да го излекуваат, но Јосиф не даде; Сами ќе го излекуваме, рече.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога го иставија Лазора од Арнаутчето, тој беше сиот искрвавен и онесвестен, а Арнаутчето и живо и свесно но со здробен врат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)