Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Албанија 713 квадратни километри со делови од Охридско и Преспанско Езеро; делот, пак, што од живиот македонски организам во таа европска лудничка касапница го уќари Србија, 25.774 квадратни километри, односно 25.411 квадратни километри без Качаничка Клисура, без горниот ток на Лепенец, Прешовска пресека и најсеверното македонско културно и духовно жариште, манастирот Прохор Пчински, Македонците, при крајот на Втората светска војна, на Илинден, на 2 Август 1944 година, го изборија, во државните граници на ФНРЈ, за национална држава на сиот македонски народ, заснована врз суверенитетот на народот - Социјалистичка Република Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)