Стефан, тој еден човек, го предизвика сето нивно знаење, ги доведе во прашање сите нивни убедувања и ги обвини за слепило, за предавство и за убиство!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јасперсен, барајќи формулации кои ќе го протолкуваат воздејството што едно книжевно дело го врши врз нас низ својот основен материјал, низ јазикот, вели: „Тоа уште повеќе се однесува на оваа внатрешна убавина на јазикот која произлегува од изборот и распоредот на зборовите, од сета нивна сугестивност и способност да разбудуваат чувства.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Максим, гледајќи го расплакан Лазора, толкав маж, многу се разжалостува - над Лазора, над Јосифа, над себе и над сите потковичани и над сиот нивни живот; со двете раце се удрува на колена и станувајќи вели Го нема Васила, за да им кажеше на твоите дека си оздравен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Плеснува со рацете и почнува да вика по Параскева и децата, за час на чардакот дојдуваат сите Акиноски, а од некаде, од визбата бездруго, заедно со Карамана и Васил Митрески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)