Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира, овој чин на насилна хомогенизација (подведување на сето постоечко под универзалниот западен систем на вредност) од самиот почеток (значи, од 16-иот и 17-иот век) произведуваше различни контра-реакции.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)