Сето тоа време тој всушност продолжуваше само да се искачува по нагорничавиот сокак од средселото до неговото маало, сиот престорен во лизгавици од децата, што се санкаа по мразот, а успеваше секогаш наново да достаса само до пред својата порта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, кога оној беше на средината од долината, доста блиску до него, и кога застана тука и се собра во едно сиво перниче со натулени уши, сиот престорен во прислушкување, Змејко дури тогаш зеде да се подготвува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)