Чуј, ти реков. Не плачи. Сите приказни ти ги оставам. Уште малку и тие ќе процветаат на нашите три маслинки во паркот. Сите, приказни, Марија.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш заборави ги сите приказни за детелината со четири листа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Но тоа е друга приказна, која се врзува за сите приказни настанати во Потковицата и за Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Освен доколку, се разбира, не станува збор за последен бакнеж, за бакнеж со кој се простуваме од сите бакнежи, во кој случај (барем овој човек) треба да биде бакнат не само како тој самиот in propria persona туку и како сите и секој од неговите среќни овоплотувања, вистински и исфантазирани, во секое расположение/начин/место/време, сѐ до крајот на љубовта и здивот и јазикот и зад тоа, до крајот на оваа приказна и сите приказни, до крајот на ова договорено продолжение и неговиот придружен услов - „Нема услови.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)