Ах, новопечен градителу, нека ти помогне Големиот архитект на небото, создателот на сите светови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)