сите (зам.) - освен (предл.)

АНЃЕЛЕ: Ајде, додека го изедеш ти тоа ние да речеме уште една песна и да одиме. (Пее, сите освен Јанкула го прифаќаат.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)