а) Најповолните промени, но од гледна точка на работодавачите, беа донесени во 1995 година, кога сите предвидени казни за нив беа поделени во две категории: (1) казната за кршење на одредбите наброени во чл. 145 од ЗРО/93 – беше од 50 до 100 просечни плати; (2) за кршење на оние наброени во чл. 146 – изнесуваше од 40 до 90 плати: • со измените од 1995, казната за првата категорија беше намалена на осум до 18 плати, а за кршењето на втората категорија – на шест до 18 плати (чл. 6-7, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)