Сѐ мораше да си тече спонтано. Безброј пати си префрлав што не ги запишував Мајкините кажувања, немајќи тогаш ниту свест ниту мисла дека, еден ден, ќе пишувам книга за Мајка. Книга за Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Голема зима, велам. Голема, вели Горачинов, и Русија е голема. Сѐ мора да е големо во Русија, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Малку потоа:
„Ти Влав, јас Евреин? Мил ибн Тајко, зошто сѐ мора да се именува?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја подигна пушката. Ја урна кулата со еден истрел. Сѐ морам да урнам, помисли.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Гледаш во големата валкана крпа и знаеш дека внатре е повторно мракот и нештата повторно почнуваат да се движат и мрдаат токму како што сѐ мора да се движи и мрда штом повторно ќе се најде во мракот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сѐ мора да се разбере во еден контекст кој подразбира дека му е дојден крајот на мирувањето, неподвижноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вака сѐ мораше да се решава во големата душа и намаченото тело на мајка ми, таа света заштитница на портите на откорнатичкото семејство кое го имаше проклетството Балканот да му биде татковина...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)