Сѐ почнува со литература, а завршува со крв.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дедо Мраз многу се збуни. Пред очите сѐ почна да му се врти, па и гасеницата од сенки, и елените, и крошните од оголените дрвја.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сѐ почнува одново:
одново почнува
секогаш време, човек
време во човек, лет
а ѓаволов свет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се чини толку се отуѓивме едни од други
што сѐ почна да нѐ дели:
и идеологијата, и религијата, и книжевноста...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)