Но со неговото великолепие сѐ и свршуваше. Тој беше само како убаво премачкана фасада на несреќно зглобено здание, готово секој час да се распадне.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кажи: имаш потреба да се скриеш
од сѐ и од секого,
ништо и никој да не те гледа,
така ќе ти биде полесно
да излезеш на крај
конечно на крај
на светот
но барем кажи:
тогаш сфаќам дека
се претворам во некого друг
налик на говорна фигура,
и се гледам со очите на другиот
и не сум сама, не сум јас ...
кажи - очите на јазикот дебнат
саноќ, дебнат везден
јазикот е видовит
гата, прорекува и се провлекува
отаде времето
кога му се испушта да каже
нешто што не треба
кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)