Таа војна кај нас беше само лажно дисциплинирана со комунистичкиот мир (што, сепак, според Еуген Финк, е „забрана на смртта”), но токму во него маскираните тагови дотуркаа до највисоките хиерархиски места, и во моментот на историска шанса за нов зов на Нацијата, за фашизам (според Финк, „очитување на смртта”), тие излегоа од своите заклетвени пратемници - од коишто изнурнува и божицата Кали, не како Примавера, туку како ждерачка на лешеви - и удрија со современа воена техника, сепак, амулетно, сѐ уште користејќи касапски ножеви, на сето она што беше југословенско, што не се одзва на повикот на божицата Нација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
(...) Станува збор, значи, само за тоа дали мислењето ќе биде функционализирано со некаква цел (што се подразбираше, или се појави патем некаде за да ја спречи можната „анархија”), или од него ќе се симне таа племенска задача, таа војна (верска, морална, идеолошка) служба којашто лажно (низ терор) се претставува како инстинкт на опстанокот. (разговарала Нермина Курспахиќ, 01. 09. 1989.)
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако во New York Times фотографијата на убавото тело со наслов “Body Consciousness” (што и да значи тоа) по големина за неколку пати ја надмавнува фотографијата на свежи лешеви некаде во Босна, тогаш е сосема нормално Американец (а тоа ми се случи мене) да прави вежби додека вие одговарате на неговите прашања за “таа војна на Балканот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еднаш кога се случи да ја спомене, во некаков контекст, војната против Евразија, таа го изненади изјавувајќи незаинтересирано дека, според нејзино мислење, таа војна воопшто не се води.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во истата таа војна, некои од жените од мешовитите бракови изјавувале дека никогаш не мислеле дека ќе треба да се изјаснуваат како Хрватки или Србинки, но откако мажите им загинале како Срби, односно Хрвати - морале.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се вели во времето на тој и тој, во времето на големите бури, во времето на таа војна, во времето на тие и тие болести.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само ние по таа војна не се вративме дома... ни ја зедоа нашата дома, ни ги зедоа нивите наши и ливадите наши, и лозјата наши и бавчите наши ни ги зедоа... и луѓе туѓо дојденци сместија во дедовите огништа наши...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие ја заборавиле таа војна и тоа време, и нас нѐ заборавиле.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
2 Тоа е најверојатно заради фактот што критиката, што толку оперира со приближни и честопати измислени негативни ефекти на популарната култура, најчесто е прикриен израз на естетско незадоволство и несогласувањето со нејзината содржина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така Martin Jay вели дека на Adorno му била популарната култура (на која што самиот ѝ го дал изразот културна индустрија) толку несимпатична, што, како што признал подоцна, буквално нејзината цел понекогаш ја осудувал однапред, а и во однос на нејзината сметкаџиска, заговорничка природа не бил сосема сигурен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)