Тоа беше веројатно прв пат да почувствувам како јадот и лутината, се прелеваат и во мене и како со лутината се јавува и потребата да се искаже таа лутина, или барем да се стори нешто што ќе ја намали.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Токму во таа желба да ја изменам патеката на расприкажаноста на Огнена што го поттикнуваше грдото чувство во мене, реков дека сирењето е многу солено.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но неговиот избувлив карактер немаше никаква врска со она што тој го имаше во душата, оти иако лесно пламнуваше, во себе не ја носеше лутината долго, ниту пак страсно ги мразеше оние што ја предизвикуваа таа лутина кај него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)