Но тие се навикнати на него и го поднесуваат како што си ја поднесуваат миризбата на своето тело, дури им се чини, без таа миризба не би можеле ни да живеат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ние, децата, се опивавме од таа миризба.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И таа миризба ми ги копа непцата и ми ја полни устата со танка водичка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разбира, таа миризма идеше од потната кошула на Стевана, но Толе се гнасеше од него придавајќи му повеќе „турчовина".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној, што мирисаше онака погано на мрша, а тој ја сеќаваше таа миризба речиси како допир по своето лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот сонуваше во своето бунило и ја прославуваше таа миризба со еден таков писок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)