Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Каква омраза покажувале Кочовите? Кој е тој што сака да ја врати сега таа омраза?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа промена на нејзиниот поглед и изговорувањето на оние зборови траеја кратко, сосема кратко, но остануваа со мене и кога во нејзиниот поглед и глас се враќаше љубовта; ми се вовираа таа омраза и тие зборови дури и во соништата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
БОЖО: Претпоставував дека има луѓе кои не ме ценат, кои не се сложуваат со моите ставови, но дека има луѓе како тебе, кај кои таа омраза се развила во патолошка страст, тоа не сонував.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)