Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За таа помош што му ја направи, владиката постојано навраќаше кај Цветко кој секогаш го пречекуваше со печено прасе гостејќи го убаво.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И ако во сиот тој метеж некој се заложи да помогне, таа помош не се прима добронамерно. Напротив. Сомничаво се одбива.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А тој — сполај му, и помага, само и таа помош е сразмерна на донесениот подарок.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама стрептомицинот, благодарение на тој Сврделот, тие го имаа колку да ми сакаш од таа помошта што доаѓаше преку Црвениот крст.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)