Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И дури тогаш, кога се сретна со тоа свое срнче, можеше да биде сосема сознаен колку длабоко беше зараснат во глувата мов на таа притаеност; тој уште ни еднаш ја немал неа таква; тој речиси и не го познаваше нејзиниот допир, што заглушува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А од тоа, што ткаеницата на неговата сигурност во себе сега не беше достатно густа, и што честопати се чувствуваше пробиена, изрешетена, никнеше и таа притаеност и смиреност на неговите движења.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше едно надоаѓање, што никогаш не се одѕива од другата страна, но тој беше доста стар ловец за да може да го сети вистинскиот миг, токму по таа притаеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)