Беше повеќе од јасно дека, таа пролет, двете липи крај куќата го спасија Мајкиниот живот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? — се чуди Бајракот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓу тие ветви саблерски колиби, во таа пролет, илјада осумстотини деведесет и седма година, се гради нова зграда...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Меѓу нив е и Гоце, но не сега како учител, туку како мајстор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Таа пролет се обидуваше да нѐ развесели како и сите други, но многу нешта пречеа… Пречеа сите страотни настани од летото што помина…
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа беа и нивните црвени знамиња, што се ширеа и виореја на ветерот од таа пролет, и џандарите, што секогаш ќе го однесеа оној, што зборуваше, пред себе, кон џандармериската станица зад неколку улички.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа пролет дури и разбојот замолкна...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Тој сакал со разговорот да избега од она што видел и од она што му се јавувало како визија помеѓу распливнатите жолти очи и паднатите тешки кадри на косата. Суво збивтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така говореа а јас ги слушав и се грчев во разбушавени магли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бев семче во премислување помеѓу неврат од мраз и 'ртење во таа пролет што допираше зелена само во соништата на треската.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април. Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Малку искарикирано, Цви ѝ ја пееше песната кога беше расположен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само што пристигнаа, за првпат ја слушнаа сефардската песна Примавера ен Салонико, таа пролет на убави навестувања во нивните штотуку процутени животи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Добро тоа, но ние пак не се даваме, ви велам, целата таа пролет како ѕвериња, нè ловеа одреди добротвори од црвениот крст, одреди воспитувачи и секакви ловци.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс чуваа од згаснување некој тивок оган на кој се грее душата, за нив траеше колку цел еден живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Макс ѝ го ветуваше на Добрата Душичка она што тој самиот некогаш посакувал животот да му го вети нему, ѝ ветуваше сосема обични нешта, нешта кои луѓето не си ги ветуваат затоа што тие се подразбираат во постоењето та за нив нема потреба од посакување, нема предуслов за копнеж, затоа што копнежот може да се роди само кон она што е тешко остварливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А козите, проклети да бидат, речиси збеснаа таа пролет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)