Дури во вечерните часови кога оди во кујната по својата вечерна доза валеријана, мајка ѝ ги склопува релјефните корици на албумот, затворајќи го, во педантната, можеби и суеверна навика, таа важна збирка на музички спомени и вредности на нејзината ќерка да не остане незаштитена преку ноќта. Кога мајка ѝ оди на спиење, Агата останува во салонот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)