Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мене ми е често така жал кога ќе се распискам на сиот глас затоа што сум го загорела гравот и ќе го разбудам Марко.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ми се чини дека ми навираат толку солзи, што од притисокот носот ќе ми прсне и од таа густа експлозија ќе го снема и Дејан и сè околу мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)