Таа дамнешна рана ме тераше да го прашувам Рајнер каде исчезна оној Рајнер кој некогаш се плашеше дека ќе ме изгуби, како што ги изгубил оние кои го посвоиле, оној Рајнер кој се плашеше дека ќе го отфрлам онака како што го отфрлиле оние кои го зачнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го прашував, тој молчеше, а кога прашувањата ќе се претвореа во плач или обвинувања, ме бркаше од својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И за самите нив откривањето на некое заборавено доживување, некој избледен настан, беше ново и интересно, па со денови разговорите се водеа само околу таа дамнешна, заборавена случка од младоста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)